03 февНие немаме политика него “спорт”

Прво се извинувам за литературни грешки, пишувано е на брзина преку мобилен.   

Страм за политичарите, можеби и за народот кој глеса вакви политичари.   Само слушнете една вчерашна политичка изјава:  ФОРМИРАМЕ  ОПОЗИЦИОНЕН ФРОНТ  ЗА ДА ГО СУРНИМЕ ГРУЕВСКИ.  Политичарите како да се на фудбал па целта им е да победат или поточно другите да  изгубат, наместо да создадат некоја стварно реформска програма.Од друга страна и  народот е навлечен во таа игра, па тој се јавува  како навивач, си има еден симпатизерски клуб(партија) и за неа глеса без разлика дали  ќе сработат добро или  не.

 Улогата на политиката е да формира таква организација на државените органи кој би дале најголем напредок, и социјална сигурност на народот, и не гледам ништо спортско во тоа.  

Народот според мене во партиите не гледа ништо друго сем клуб за кој навива .  Но навивањето за спортски клуб ете како мене за Вардар е безопасно и е спорт и сум за него и ако не е нај добар, но грешната политика влијае на реалниот живот на сите нас па и на тој кој гласа таква политика чисто од инает навивачки а не од разум.

Comments are closed.