15 јанРЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМОТ ЗА ИМЕТО.

Во врска со името за нас би требало да се прифатливи само две опции за името и тоа:
1. Makedonia   значи како кирилица,  со К но без Ј. Зошто правилно ние сме биле МАКЕДОНИЈА со К а не со Ц  macedonia, или Ч италјанското макЧедониа. Историски и во антиката и во илинденците било со К, па нека не вика и на англиски  америка така. Она кое ќе остане за Грција MACEDONIA и не е нај оргиналното. Само да се внимава на читањето она К да се чита К и за американците а не ЏИ и без Ј која се чита ЧЕЈ, за да не станеме наместо МАКЕДОНИА да сме МАЏИЕДОНИЧЕЈА, значи мора де се земе во предвид да се чита со К, и без Ј. MAKEDONIA.  А за Грција да остане MACEDONIA.
2. Второто решение е MACEDONIA (UPPER), ili UPPER REPUBLIC OF MACEDONIA. каде она UPPER ние би го преведувале како горна во смисла возвишена, а ако е напед пред република како горен дом од републиката да се однесува на републиката. Т.е двозначно и секој, си толкува по свое како она од рамковниот: дел од народите, Албанците  си толкуваат народ а за нас дел од народ е малцинство. Тука е решението во двосмисленоста. И пред светот треба да излезиме ако Грците ја даваат додавката ние да го кажиме каде да седи (по името или пред република)
-Инаку Северна Нова Скопје Вардарскасе се  многу лоши. Северна не прави ладна а сме земја на сонцето, Нова ќе не правистално без корен, Скопје и Вардарска се именки па ќе заживеат појако од македонија и ке бидеме скопјани и вардарци, за разлика од ГОРНА или ВОЗВИШЕНА каде не може да станеме со именака  горни.

02 јанСКОПЈЕ 2014- зошто е добро:

Неуспехот и несреќата на Македонецот ама 100% сум уверен е во неговата инфериорнст, во вековната потчинетос, чуството на ниска вредност, македонче. Имам неколку искуства во економската област: треба да се потпише договор за продажба на наш производ во нивни маркети абе македончето се стопи дека нема вредност спрема нив гласот му се фати од едни третокалсни швајцарци, слично е и со привлекувањето инвестиции, страв од правење фабрики бизнис од немањето доверба и сила да го продадат странство. За разлика од Грците кој се многу многу посигурни и попочитувани во светот, и полесно земаат отвораат фабричина и извезуваат производи. Јас тргнувам и од себе и за бизнис со еден Бугарин се чуствовам инфериорно како тој да ми е бог и губам над 20% од преговарачката сума. ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА НЕШТО НАЈГОЛЕМО НАЈПРАВИЛНО НАЈПОТРЕБНО ЗА МАКЕДОНЕЦОТ БЕШЕ БАШ СКОПЈЕ 2014 ВРТЕЊЕТО МАЛКУ КОН ИСТОРИЈАТА ДА СЕ ОСЕТИ МАКЕДОНЕЦОТ НЕ ПОТЧИНЕТ НЕГО ДА УВИДЕ ДЕКА ТОКМУ ОД ОВДЕ СЕ ИЗГРАДУВАЛ СВЕТОТ И УЧЕЛОД НАС, ДА СЕ ПОСИТОВЕТУВАМЕ СО ЕДНА ГОЛЕМОСТ КОЈА КЕ НИ ДОНЕСЕ ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА И ГРАДЕЊЕ, и сега не влегвам во историјата колку сме тоа ние антички или не се е тоа од овде се е измешано и е историја на ова тло дел наша. А ако чекаме од државата да ни направи фабрики тоа не може,(некој кој прај приватно клинци државата да му направи државно и да ги продава поевтино е не дозволиво во капитализам). А народов некако нема само доверба и ако имаме слободно трговски договори, таму сме инфериорни, усрамени мали неважни и не може да им продадеме.

15 декНЕ НОВИНАРСТВОТ КАЈ НАС СЕГА СИ БАРА И НЕОДГВОРНОСТ.

Барањето да се одземе кривичната одгворнос на новинарите при клевета е стварно нешто нерамноправно и нефер кон еднаквите права на граѓаните. Имено клеветата по тежина е на трето место како кривично дело: Прво е секако убиство, второ силување и трето е клевета.  Како што вели една наша народна поговорка Окото да ти излезе муабет да не ти излезе. A TV има посебен т.н наречен ЗУМ ТВ ЕФЕКТ (од една уста во милјон уши), значи клевета на улица е по мала работа ќе слушнат 100 на луѓе, но на ТВ ќе слушне цела држава и тоа бара посебна одговорност. Навистина е нефер не чоечки да му извадете муабет и запустите достоинството на некој човек, фамилија група па и нација заради обична неодговорност. Да секој може да згреши, да луѓе сме и треба тоа да му се опрости па и на новинарот, затоа е и тука судот и можноста за помилување. Но знаеќи го нашето новинарство, желбата за кариерство брзи пари, “новинарот”  брзо се лепи на политиката, и сосема свесно тенденциозно злонамерно ќе клевети луѓе особено политичари за ситни политички и кариерски поени, дури може да стигне до ниво на ракетарство, пари или извадов муабет. Јас сум сведок за еден таков мал притисок од локален новинар кој во еден наш купопродажбен спор бараше поголем наш попуст за да не сми го осетиле силата на перото и можел да не затвори. Значи од неправедниот закон нема да трпат само политичарите него и обичниот човек бизнисмен, продавница, комшија.

08 декВО ВРСКА СО ТОА ШТО НЕКОЈ СЕ БУНАТ ДЕКА ИМАЛО МНОГУ ПРАЗНИЦИ:

Ептем капиталистички дури до робовладетелски  станал дел од македононскиот народ. Да можат душата да му ја извадат на работниците. Обично тие изјави “многу празници имало” идат од неработници, капиталистите, или оние кој имаат лесна  проживотна форма на работа. Ама да ги прашаме шивачките, рударите, оние по фабриките, земјоделците каде имаш монотона не проживотна работа, да видиш како е тежок еден сат, а не да ти речат тоа цел живот ќе се работи. Сем тоа и научно е докажано дека одморениот проживеаниот работник е по продуктивен. Јапонците имаат далеку најмногу празници а се  најпродуктивни зошто работникот е задоволен се почитува и одмор и работно време, а не да се премори и загуши работникот. Човекот да има барем пола ден за да си проживее со децата, со своите интереси хобија и делувања, прошетки. Научно е докажано дека работникот најдобро би работел со 5 дена работа со 6 часовно време и сабота недела викенди. Но дали е така капиталистите душата им ја вадат на работниците со целодневни работи викендот одземен и само недела им останува колку за одмор не можат тој ден да прошета про живее и од понеделник пак на работа иста монотона. Едвај ги чекаме овие неколку дена одмор а некој капиталисти сакаат да ни ги одземат. А сем тоа државата и инспекциите толерираат и во тие не работни денови  капиталистите да не мачат. Оној кој отвоил фабрика секаде низ светот знае дека човекот има физио психолошки потреби и живот со децата и  прошетки (за тоа и тој е роден а не машина на капиталистот) и сите си пресметува и формират среден заштеден фонд за плата од претходни денови. Така некој црвени буржавчина или оние кој имаат лесна проживотна работа како некој професори  ( да и со работата си живеат прават муабети со луѓе пијат кафе, за разлика од монотоната која  8 часа туркаш рапчина на машина за шиење, или валкан носиш и копаш товар во рудникот…) ќе слушнеш срамно дека имало многу празници. Некој од нив ке речат ама ние учевме, чекај пријателе прво човек е човек и човечката потреба од живот со децата и одмор го имаат исто а сем тоа и пола од оние кој работат монотона работа се со добро школо, само овие што се на добри работни места, имале среќа или пријатели ама барем нека не му го одземаат одморот и животот на другите. Ако му се работи слободно има хуманитарни организации канали за копање кога е празник нека појде  нека работи ако толку ја сака работата. А за државата срамота, инспекциите му спијат, срамота е да се види некој да работи во неработен ден без да извади дозвола за тоа од потреба за непрекинатос на работата, или навистина специфична потреба (чекаат камиони за извоз, многу прометен ден  но само 2-3 дозволи годишно максимум).

20 ноеТреба малку македонското прашање да му стане позначајно на Русија.

Ако погледниме геостратешки најважна форма на Русија би му била Македонија. Бидеќи таа му е излез на топло море, значат предели со топла клима. Токму она што ја прави русија далеку зад Амерка лошата клима скоро без лето без плажи со снег и минус температуридури  и во септември и мај. Е нема добра држава и живот со таква клима. Затоа русија стално беше заинтересирана за МАКЕДОНИЈА оти таа му беже излез на топли води. Но денес ладната војна му го заврти вниманието. Но незнам зошто нашите политичари Македонските па и балканските не му го предочат тоа значение за РУСИЈА топлиот Балкан. И да го возвратат Рускиот интересот кон нас.  Од друга страна науката и писменоста на русија токму се темели на Македоците. Писмото кое го имаше на ракетата кон свемирот и цели проекти беа од Македонскиот подтик.  Траба и Русија јако да притисне и историски да се докажи дека Македоците се овде и таму домородни и дека движење имало и од југ кон север. Но за тоа треба јако лоби.

ЖАЛНО Е ТОЛКАВ ПАЗАР ДА НЕ Е ДОСТАПЕН ЗА МАКЕДОНИЈА, СЛАБИ ВРСКИ, ЖАЛНО Е ТРАСАТА РУСИЈА -ЈУЖНИ ЗЕМЈИ на ГАСОВОДИ ПАТИШТА да не врват низ МАкедонија иако сме на средина и блиски до Русите а да врви низ ептем на ѓошто во Грција.

Америка более продвинутая форма, поскольку она имеет хорошие декорации и теплым климатом. Я не знаю, почему Россия не заинтересована в Македонии, которая является славянских и был из горячей воды, хорошим климатом. Мы славянской naord. В русской письменности наука исходит из македонских почему бы не помочь нам в споре с Грецией. Вы должны быть более заинтересованы в Балканах и в Македонии

16 ноеКражбите по куќите растат, полицијата и државата спие.

Во последно време забележуваме огромен пораст на кражбите. Стануваме како порно што беше Бугарија. СРАМОТА.  За мојата населба ама нема куча во која во последниве 6 месеци нема провалено. Кај едни е украдена машина за дрво, во друг бојлер, во трет пари, во тие погоре компјутер,… А ПОЛИЦИЈАТА си молчи имаат еден срамен закон дека за кражба до 200 евра тие не предземаат постапка и треба ПРИВАТАНА ТУЖБА. Срамота тоа ги сили крадците на се поголема кражба зошто никој не ги најдува ни осудува. Значиак ти украде ТВ од 12 000 денари полицијата ама ништо не му прави. СРАМОТА. Ако пријавиш вполиција тие воопшто ништо не најдуваат или ако некој најдат не предземаат постапка, а ако приватно покренеш постапка ќе испадне дека тој крадецот не е вработен и  нема да ти плати, така и таа е залудна и скоро никој непредзема приватна тужба. Затоа сега крадењето им стана професија, стануваат на сабаље и тргаат во работа кражби до 200 евра и немаш одгворност. А од друга страна крива е и државата не само што го донесе тој закон, него што му ги скрати и правата на полицијата, дури и капите порано кој ги носеја и даваја еден почит и ред Љубчо им скрати,реонските полицајци ги скрати во некој занесни антисоцијалистички про демократски бла бла идеи, е сега нека царува криминалот.Што има лошо од добри и силни средувачи на редот ПОЛИЦИЈАТА. Љубчо го осакати поштениот човек, и му даде поодврзани врати на непоштеноста.  Нема закон, нема контроли инспекции се е хаотично кој сака тоа прави и никој не одговара. Се фрла ѓубре секаде, се гради кој кај ќе најди по паркови и тротоари….ХАОС. Сем  населбите со згради каде е нешто по средено се друго е хаос а 70% од грачанството живее навор од згради….НЕМА ДРЖАВА. А опозицијата не ги става на маса овие дневни релани  проблеми, туки стално ја става на маса Македонштината, Името,Спомениците каде ВМРО е прејак и народот како свој син па и да пие  ги сака, комшивката и да ти рече синот не ти чини пие, заради свината ти пак ќе ја осудиш комшивката и пак ќе си го сакаш синот. Така и Македонецот не можеш да му збораш контра македонштината од име-историја-споменичарство. Подобро занемари го тоа и стави ги корните проблеми на маса.

16 ноеНе новинарството кај нас, сега бара и неодговорност:).

Барањето да се одземе кривичната одгворнос на новинарите при клевета е стварно нешто нерамноправно и нефер кон еднаквите права на граѓаните. Имено клеветата по тежина е на трето место како кривично дело: Прво е секако убиство, второ силување и трето е клевета.  Како што вели една наша народна поговорка Окото да ти излезе муабет да не ти излезе. A TV има посебен ефект т.н наречен ЗУМ ТВ ЕФЕКТ , значи клевета на улица е по мала работа ќе слушнат 100 на луѓе, но на ТВ ќе слушне цела држава и тоа бара посебна одговорност. Навистина е нефер не чоечки да му извадете муабет и запустите достоинството на некој човек, фамилија група па и нација заради обична неодговорност. Да секој може да згреши, да луѓе сме и треба тоа да му се опрости па и на новинарот, затоа е и тука судот и можноста за помилување. Но знаеќи го нашето новинарство, желбата за кариерство брзи пари, “новинарот”  брзо се лепи на политиката, и сосема свесно тенденциозно злонамерно ќе клевети луѓе особено политичари за ситни политички и кариерски поени.

09 ноеФабрика за зеленило и паркови.

Насекаде во западот, имаат фабрики за производство на ТРЕВА, ДРВА со кој секојдневно се уредуваат се повеќе паркови. Се произведува ТРЕВА како траки ја замотуваат во вид на тепих и потоа ги репостлаат низ нови паркови. Кај нас имаме еден парк во центарите на градот,а оние зеленила низ населбите се ПУСТЕЛИЈА-СТРАМ. Ни една влада не започна акција за да малку тоа се озелени расчисти и одржува, и да заличиме на прекрасните западни населби.  Комуналните препријатија се смногу слаби и некако не предвидени стриктно за тоа. Затоа е потребно да се формираат посебни јавни државни фирми за ЈАВНО ЗЕЛЕНИЛО и ПАРКОВИ.

09 ноеРекле: Кратки бисери (реликти) за Македонската историја.

1. БЛАЖЕ РИСТЕВСКИ има потребата да се даде еден научен осврт на името Бугари во Македонија, И ОД КАДЕ ИДЕ ТАА ГРЕШКА но да се признае дека живеела и меќу нас. За да не се правиме налудничави и скривајќи дека Самоил е крунисан за Бугарски Цар а Миладиновци извадиле бугарски зборник… Но вистината е на наша страна правите Бугари  биле ТУРКО МОНГОЛИ жолти со коси очи и верувале во богот Тангра, и немаме ништо со нив сем грешно наметнат ПРЕКАР НАДИМАКhttp://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8угари.Инаку и ЦАР ДУШАН е крунисан дословно: МАКЕДНСКОГА ЦАРА ама се смета за Србин. Или пак Срби, Бугари се само деца на Македонија.

2.Зборот Бугари историски дословно бил ВУЛГАРИ или ВУЛГАРОС. Тоа име неправедно ни го ставиле Грците и Латините со цел да не понижат и денес се користи зборот вулгарен, а ВУЛГАРОС на грчки значи прост низок народен слој, слично на ВАРВАРИ, исто и латинската подлога Burglary значи натрапник. Затоа тоа име ни е навредлив прекар со кој не плукале, а некој наши мислеле дека е помада па се мачкале. Дури и отец Пајсеј таткото на Бугарската нација рекол дека народот не го сакал тоа име но Грците им го наметнале.

3.   Зборот СЛОВЕН дојдува од зборот СКЛАВОС што значо РОБ. За прв пат е употребен кога РИМ го заробува последниот македонски крал Персеј V, го носат во РИМ и го шетаат со натпис ПЕРСЕЈ-СКЛАВУСОТ, и се македонско сега го викаат СКЛАВУСИ робови. Од бројноста на Македонсците дојдува да СКЛВУСИТЕ-Словените веднаш се огромен народ најброен во Европа, а пред тоа нема ни една карта, ни еден научен документ каде пишува СЛОВЕНИ, значи е некое преименување во 5 век. (порано следеше и награда ако некој најде карта и запис во антиката со збор СЛОВЕНИ како народ, како роб ги има, а има записи и карти за племиња и со 100 луѓе)  Словените-Македонците како поробени во  РИМ без право на јазик, се, се до 5 век кога паднува РИМ тие формираат своја државиа т.н СКЛАВИНИЈА робовска, си формираат писмо…Значи сепак има можност предци на старите словени да се античките Македонци. Сепак тоа име СКЛАВОС-роб било толку слабо над силината која ја имало поимот МАКЕОДНЦИ и го победил и пополека го сменало значењето, да тој збор потоа преминува во славни, слово, слави, затоа што Македонците биле славни и ширеле слово. Така да СКЛАВОС  за брзо време преминува од значење роб со значење СЛАВНИ, и така поносно си го користел народот тоа ново име 15 век, без тоа време да знае на потеклото на името.

4.Потребно е во 8-мо оделение да се изучува континуирано Македонската историја. Само Македонската како една приказна од праисторија антика до денес. Со сите факти пронас, но и давање на контра факти на соседските напади.   -Кирил

5. Потребно е од македонските академици една статија или еден докторат на тема МАКЕДОНСКИ ИЗГОВОРИ на историските термини. Имено од старите записи имаме само писмо а не снимен говор, не знаеме ни еден изговор бидечи и  немало справа за снимање на говорот, значи за старите говри сме 100% слепи. Странските историчари си давале свој говор на одреден запис, но ние треба сега како независни да видиме малку и од наш агол зошто имаме доста богатство од зборови кој би ги разбрале и денес. На пример: Зевс денес некој велат се чита и како ЅЕВ, ЅЕ ѕирка што ете кај нас се зачувал пак по точно тоа индоевропско значење, зошто да не го зачуваме. Значи ЅЕ има некој е значење на некој кој сирка и се гледа а ЗЕВС е без значаење. Или пример наспроти Црно море го имаме БЕЛО море а спрема тоа престолнината не е ПЕЛА него БЕЛА, не е Пелистер него е БЕЛИСТЕР оти од снегот е бел, не се Пелазливи него Белазливи-бели наспроти поцрните Грци, не е ВАВИЛОН него е БАБИЛОН баба нешто старо, или египетскиот Камон е Камен, или Египет а поточно  она српското како егиПАТ оти тое е и единствениот пат кон Африка,  ….  Таа позачуваност на индоевропскиот говор  можи да е и преку словенството  но сепак на нашиот говор имаат некое значениие и е подобро така да ги изговоруваме по МАКЕДОНСКИ со наше гласовно читање. Така многу антички градови термини поими ГОВОРЕНИ од наш аспект ќе добијат и про наша форма и значење и по веќе ќе изгледаат поблиску до нас од колку по грчкото читање.

30 октКако се пишуваат странските зборови во Македонскиот правопис.

Денес сме сведоци дека секојдневно се користат текстови во кој 90% е пишуван на кирилица а некој странски имиња или зборови се пишувани на латиница, демек на кирилица многу “просто” изгледале. Така наместо Шакира “Shakira”, или наместо Сони пишуваат “SONY”, или наместо ЦЕДЕ ЦД пишуваат CD…Тоа е огромна грешка и е дозволено само ако името е брендиран симбол или светски прифатена скратеница, но мора пред него да е напишан на кирилица онака како најблиску практично се кажува со нашите гласови, а потоа во заграда или во наводници на странскиот јазик.  Инаку ако странските имиња би ги пишувале на латиница т.е на нивниот јазик, како се изворно ќе треба и кинеските да ги пишуваме на кинески, па за да разбереме македонски текст не ке ни требаат само 31 буква него илјадници и тоа нема смисла, сем тоа некој не знае англиски, друг не знае кинески а чита Македонски текст и треба во целос да го прочита и разбери.

НАШИОТ ЈАЗИК ВЕЛИ: ПИШВАЈ КАКО ГОВОРИШ, тоа е едно од најголемите наши создаденија за светот, од СВ. Кирил и СВ.Климент, кој потоа тоа правило го зеле и Србите и Хрватите, Словенците, Бугарите, Русите… Тоа многу го олеснува пишувањето и е правилно и многу приемчливо. Дај да не го изгубиме.

Значи прво постоел говорот а потоа е пишувањето, затоа од странците го земе за правило говорот но и тоа е по правилното и по приемчливото. Пример имаме  име на англиска  сранската фирма МАЧКА, ние би го напишале МАЧКА- Кает (Cat) од нивниот изговор , а не Цaт од нивното пишување CAT кое и за нив Цат е ништо. Правилно е: Сони (SONY), Филипс ( PHILIPS), Мајкал Џексон ( Michael Jackson) а не Мицхаел Јацксон. Кој преведува, бидеќи преведува, знае како се говори на нивен јазики, па ако е непреведлива  именка го пишува нормално најблиску со наши гласови.

И најбитно КИРИЛИЦАТА се смета за азбука на ИДНИНАТА, бидеќи за говорните компјутери доволно е да научат само 31 глас, за разлика од анклиското писмо во кое мора да научат над 7000 зборови зошто секој збор башка се пишува и говори и мора спеловање т.е двапати знење на еден збор еднаш како се говори еднаш како се пишува, а ако е некој многу редок збор никогаш тие не би го запишале а кај нема можнос некој збор да не знае како се пишува и второоделенец.

ЗАТОА ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ОВА НАШЕ СВЕТСКО БОГАТСТВО и да пишуваме како што говориме, за да потоа лесно да прочитаме како што е напишано.

Јас и не гледам дека нашите ЛИНГВИСТИ тоа многу јавно преку ТВ го посочуваат дури тоа правило да го нема ни во граматиките за учениците, некако не струе низ јавноста како се пишуваат тие зборови а денес ги има премногу и мора некоко да се средат. А во ТВ филм преводите во основа се придржуваат кон ова правило, за разлика од Хрватска каде заради сличното латинични писмо ги пишуваат зборовите изворно, но сепак нивната латиница нема WQYX и ако некој незнае англиски што, или ако е филмот кинески, затоа тоа правило им е грешно и му го оштетува и отежнува јазикот, но сепак е нивна работа јас го спомнувам само како недобар пример, и мислам дека сепак ге останат на нашите словенски правописи пишувај како говориш и ако ги наликува на нас сепак е ПОДОБРО.

ЗНЧИ ПРАВИЛОТО Е:   СЕ СЕ ПИШУВА КИРИЛИЦА СТРАНСКИТЕ ЗБОРОВИ ИСТО ТАКА НА КИРИЛИЦА СО НАЈБЛИСКИТЕ НАШИ ГЛАСОВИ ОНАКА КАКО ГИ ИЗГОВАРАМЕ НИЕ, АКО ЗБОРОТ Е БРЕНД, ЗАШТИТЕН  СИМБОЛ И СЛИЧНО може да се напше и изворно како изгледа (латинично и слично) но во заграда по нашиот натпис.

Извинете за грешките пишувано е на брзина.